Општина Ресен објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски здруженија, клубови и спортски сојузи кои се регистрирани и работаат на подрачјето на таа локална самоуправа.
Од општината информираат дека целта на повикот е низ транспарентен начин да се зацврсти и унапреди соработката на општината со спортските клубови и организациите од областа на спортот преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми и поддршка и развој на спортските активности кај младите.
Право на учество на овој повик имаат спортските клубови и здруженија регистрирани на територија на општина Ресен според Законот за здруженија на граѓани, да организираат и спроведуваат систем на натпревари, да се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри, да се грижат за унапредување на младите и нивна поголема вклученост во спортските клубови и здруженија.
Јавниот повик за финансиска поддршка на спортски здруженија, клубови и спортски сојузи завршува на 2 март.