Следната рунда разговори меѓу Иран и т.н. 5+1 држави, за нуклеарната програма на Техеран ќе се одржи во крајот на јануари, јавија ирански медиуми.
Двете страни се договориле да одржат разговори на 28 и 29 јануари.
Официјално соопштение ќе биде испратено откако двете страни ќе потврдат, јави ДПА повикувајќи се на ирански медиуми.
Делегација на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска во Техеран разговараше со иранските власти за проблемите поврзани со нуклеарната програма.
Делегацијата на МААЕ беше предводена од првиот заменик-генерален секретар Херман Накерц.
МААЕ се надева дека со Иран ќе биде потпишан договор за „структурно приближување“ за решавање на спорната иранска нуклеарна програма, така што ќе се гарантира дека таа програма не е насочена кон создавање нуклеарно оружје.
Според предлогот на МААЕ со „структурно приближување“ Иран треба да им обезбеди на меѓународните инспектори пристап до нуклеарните објекти, до документите поврзани со иранската нуклеарна програма и до научниците кои се вклучени во програмата. Предлог-договорот вклучува и посета на воена база во Парчин, каде според МААЕ, Иран извршил симултани експерименти со нуклеарно оружје.