Дел од Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Од:

Корисниците лоцирани на улицата „Владимир Каваев“ бр. 28 во општина Карпош утре од 09 до 10 часот ќе останат без електрична енергија. Од 09:30 до 13 часот без струја ќе бидат и корисниците  од  улиците „Франц Розман“, „Езерци“, „Гари“, „Ринхини“ и „Ацо Шопов“ (поранешна „Пролетерска“) во општина Карпош.

Во периодот од 10 до 13 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Алекса Демниевски“, поточно подулиците бр. 23 и бр. 25 во општина Ѓорче Петров.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство