Се расчистува одронот на патот Кичево-Охрид, сообраќајот се уште отежнат

Од:

Одронот од околу 70 метри кубни што настана поради обилни врнежи од дожд во текот на изминатата ноќ на патот Кичево – Охрид, меѓу селата Извор и Подвис, во месноста Овчанско Речиште, и покрај направеното проширување се уште го отежнува сообраќајот, информира ЈП „Македонија пат“.

Со одронот беа зафатени двете сообраќајни ленти, а екипите на „Македонија пат“ се на терен и го расчистуваат патот за целосна нормализација на сообраќајот.

Сообраќајот на сите останати магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег има на Попова Шапка.

По клисурите и усеците е можна  зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози