(ВИДЕО) Мицкоски: Економската состојба во Македонија е лоша како последица на погрешните и лоши политики на владата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето видео-обраќање истакна дека на средбата со европратениците Кукан, Вајгал и Флекенштајн ќе разговара за лошата економска состојба, која што е резултат на погрешните и лоши политики на владата.

– Ќе споменам неколку аргументи и факти на што се темели оваа моја анализа. Имено БДП во првите три квартала е некаде околу 0,4 проценти под нулата, што значи дека има негативен раст, а до крајот на година би биле среќни ако завршиме со нула. Што претставува едно од најлошите достигнувања од осамостојувањето на Република Македонија па до денес. Во услови кога светската економија бележи пораст, замислете се радуваме на резултати што се движат околу нулата. Градежништвото е во опаѓање за некаде околу 11 проценти, индустриското производство се движи некаде под нулата околу 4 проценти, што значи севкупно катастрофални резултати кои што само можат да влијаат негативно во квалитетот на животот на нашите сограѓани, рече Мицкоски.

Тој истакна дека во 2017 година сме имале 100 милиони евра помалку директни странски инвестиции споредено со 2016 година.

– Третиот параметар исто така катастрофален кој што сакам да го споменам, е намалувањето на бруто државните девизни резерви. Имено, во 2017-тата година бруто домашните девизни резерви се намалени за цели 266 милиони евра, што е некаде отприлика околу 11 проценти помалку споредено со она што било ситуација на 31 декември во 2016-тата година.Граѓаните во Република Македонија се за 11 проценти посиромашни на 31 декември 2017-тата година, споредно со она што било 31 декември 2016-тата година, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања