Кичевските села 12 часа без електична енергија

Од:

Снежното невреме што го зафати кичевскиот регион предизвика дефект во електро-дистрибутивната мрежа, поради што поголем дел од околните села веќе 12 часа се без струја. Од ЕВН велат дека работат на отстранување на дефектот.

Жителите од овие села се соочуваат и со проблем со водоснабдувањето, бидејќи поради прекинот на струјата пумпите за вода не работат, а резервоарите се празнат и не можат да се полнат.

Поради прекини на струјата и училиштата во селските средини кои се затоплуваат со нафта денеска не работат.

Снежната покривка во градот моментално изнесува 15 сантиметри, а во руралните средини е двојна поголема. Снегот и во овие моменти со променлив интензитет продолжува да паѓа.

По снежното невреме што го зафати кичевскиот регион собраќајот се одвива со потешкотии и во зимски услови.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух