Поради нерасчистениот снег, сообраќајка во населбата Ѓорче Петров

Од:

Порди обилните снежни врнежи и нерасчистениот пат, во Ѓоре Петров на самиот мост пред населбата Даме Груев, вечерва се случи сообраќајна незгода при што е причинета значителна материјлна штета на две возила.

Според неофицијални информации, една од повредените во сообраќајката е и ќерката на познатата актерка, Шенка Колозова. Таа била полесно повредена и се наоѓа надвор од животна опасност.

Наводно, се враќала од посета на нејзината мајка која живее во скопската населба Даме Груев.

Поради незгодата, сообраќајот кратко бил во застој и околу педесетина автомобили чекале на двете страни од мостот. Во моментов сообраќајот се одвива нормално, а на местото на настанот се врши полициски увид. Се очекува МВР да даде дополнителни информации во врска со оваа незгода.

Инаку, жителите на населбата Ѓорче Петров велат дека секоја година се соочуваат со истот проблем, а тоа е ненавремено чистење на снегот на патишта во општината.

K. Ландов

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски