Земјотрес со интензитет од 5,5 степени, според Рихтеровата скала, денеска ја погоди Јапонија, соопшти американскиот Геолошки завод.
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 125 километри од островот Хоншу, на длабочина од 9,9 километри.
Засега нема податоци за предизвикани материјални штети или повредени лица.