„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Од:

„Зоран Заев вчера најави реконструкција на владата и притоа рече дека голем е бројот на луѓето во Владата кои многу се трудат, а не знаат, но се трудат и да научат.

Ова е скандал сам по себе, бидејќи, произлегува дека Заев прво избирал владини функционери кои потоа треба да се трудат и да научат како се води држава.

Единствена Македонија му укажува на Зоран Заев дека не избира било кој, туку државни функционери за вршење на функциите на државата и за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните, и оттука, избраните треба да бидат луѓе со знаење, искуство и достигнување.

Меѓутоа, со шокантната изјава на Заев за избор на луѓе во владата кои треба да си играат и да научат како се води држава, всушност дојде и потврдата зошто Македонија е посрамена, понижена и со крајно нарушено државничко достоинство на меѓународната сцена. Во секое зло, добро!“, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски