Турскиот Генералштаб денеска соопшти дека во рамките на операцијата „Маслиново гранче“ во Африн се убиени уште 58 терористи.
СО ова, вкупниот број ликвидирани терористи достигна 1.931 лица.
На 20 јануари турските вооружени сили ја започнаа офанзивата „Маслиново гранче“ против сириските курдски Сили за заштита на народот во областа на градот Африн во северна Сирија.