Најмалку девет деца загинаа, а десет се повредени кога џип со голема брзина удрил во група ученици кои преминувале улица во источна Индија, соопшти локалната полиција.
Претставникот на полицијата Вивек Кумар изјави дека џипот прво удрил две жени и обидувајќи се да избега удрил во децата кои се враќале од училиште во градот Музафарпур во индиската држава Бихар.
Според Кумар, децата кои биле удрени се на возраст од 10 до 14 години.
Тој инфомира дека повредените деца и жени се префрлени во болница, и оти некои од нив се во критична состојба.