Дирекцијата за заштита и спасување била мобилизирана еден час пред планинарите да бидат пронајдени мртви

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување иако подготвена, не излезе на терен во потрага по планинарите Александар Миновски и Калина Велевска, кои пред две недели беа исчезнати, а потоа најдени мртви на планината Кајмакчалан.

Двајцата планинари, беа пронајдени на македонска територија од каде мртвите тела ги извлекоа грчките служби. Од ДЗС велат, имале информација дека планинарите се на грчка територија, а без службите на соседната држава да побараат помош, македонските спасувачи не можеле да делуваат.

-Иако бевме подготвени и комплетирани, не почнавме со претрага и нивно спасување. Причината е што согласно добиената информација, двајцата планинари беа од страната на Република Грција, а не од страната на Република Македонија. За ангажирање на наши спасувачи на територија на други држави секогаш мора да има официјално барање од државата која бара помош ние да испратиме наши спасувачи, вели Слободан Вуковиќ од Дирекцијата за заштита и спасување за „Макфакс“.

Тој вели вели дека тимот на ДЗС бил целосно мобилизиран во 9 часот, а грчкиот извештај за несреќата покажува дека во 10 часот, Калина и Александар биле пронајдени мртви. Акцијата не се извршува, никој не дал насока за понатамошна активност.

„На ден 11.02.2018г. (недела) во 03:30 часот добиена е информација од Секторот за внатрешни работи Битола дека во Република Грција при планинарење, планинари од Скопје, се изгубени, еден маж и една жена. Веднаш беше издадена наредба да се изврши процена, да соберат релевантни податоци, а потоа, доколку е потребно веднаш да се отпочне со мобилизација на Тимот за брз одговор за заштита и спасување од Битола. По извршената процена во 04:00 часот е отпочната мобилизацијата. Таа заврши во 09:00 часот кога целокупната опрема беше ставена на располагање за престојната акција која требаше да се изврши и се чекаа насоки за понатамошна активност“, вели Вуковиќ.

Доколку дванаесетте спасувачи, по целосната мобилизација во 9 часот беа испратени да го пребаруваат теренот, според сервисот „гугл мапс“ ќе им требало минимум два часа да стигнат до врвот Кајмакчалан, од македонска страна за да ја започнат акцијата. Дирекцијата за заштита и спасување, теоретски би пристигнала во 11 часот, време, кога според барањето за обдукција на телата, грчките служби ги извлекувале безживотните тела на Калина и Александар од местото каде се пронајдени.

Дирекцијата за заштита и спасување нема информации зошто АРМ не е вклучена во оваа активност. Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови, Јовица Угриновсвки, пред два дена изјави дека Калина и Александар можеле да бидат спасени. Основното јавно обвинителство соопшти дека отвори предмет за расветлување на трагичниот настан на планинскиот врв Кајмакчалан. Тие издале наредба да се направат проверки и во планинарското друштво „Трансверзалец“ , нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Три години нема одговорност за смртта на Калина и Александар: Жално е што не се стегнаа работите

Кристијан Ландов

Обвинителството ќе ги истражува причините за загинувањето на планинарите на Кајмакчалан

Ана Ололовска

СВЕДОШТВО: Последна слика пред очи ми е како Калина се упатува кон врвот на Кајмакчалан

Наум Локоски

Грчките спасувачи се обиделе да го спасат Александар на Кајмакчалан, но се откачил ременот

Наум Локоски

Суспендиран водичот кој ја водеше групата планинари кога загинаа Калина и Александар

Ана Ололовска

ВИДЕО: Грчките служби објавија снимка од извлекувањето на телата на загинатите македонски планинари

Наум Локоски