Oбвинителот кој му помогна на Кочан да излезе од притвор, ќе одлучува за работата на неговите колеги

Од:

Обвинителот Ацо Колевски утрово беше именуван за член на Советот на јавните обвинители во Собранието. Свечената изјава ја даде пред претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери. Колевски беше избран од редот на јавните обвинители, а во Советот дојде на местото на новоизбраниот државен јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Колевски го поднесе барањето за заштита на законитоста кое Јавното обвинителство го достави до Врховниот суд за да му се укине притворот за бизнисменот Сеад Кочан, кој тогаш беше во бегство.

Потоа истото Јавното обвинителство во два наврати одлучи дека е ненадлежно натаму да поднесува вакви барања до Врховниот суд, а како единствено надлежен го посочи специјалното јавно обвинителство, кое ги застапува обвиненијата. Колевски денеска пред новинарите изјави дека постапил законски во случајот за Кочан.

В. М.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски