Владата на САД зема кредити од пензискиот фонд на државните службеници

Од:

Владата на САД почна да повлекува кредити од пензискиот фонд на федералните службеници со цел да се избегне надминувањето на горната граница на федералниот долг, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на министерот за финансии Тимоти Гајтнер.

Во писмо до претседателите на двата дома на Конгресот на САД Гајтнер ги информира дека владата има можност да повлече вкупно 156 милијарди долари кредити за да ги покрива тековните трошоци на владата, додека законодавците го разгледуваат зголемувањето на плафонот на долгот.

Владата на САД овој плафон, во висина од 16,4 билиони долари, го достигна на 31 декември 2012 година. По ова Министерството за финансии почна да применува различни „маневри“, за да избегне надминување на должничкиот плафон.

Во своето писмо Гајтнер истакнува дека и други министри за финансии пред него ја користеле истата пракса и дека нема никаков ризик за исплаќањата на задолжените пензии. Повлечените кредити ќе бидат му бидат вратени на фондот веднаш откако биде постигнат договор за новиот плафон на федералниот долг.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина