Поради обилни врнежи од дожд во текот на изминатата ноќ на патот Кичево – Охрид, поточно на 140-от километар Скопје – Охрид, меѓу Извор и Подвис има поголем одрон од околу 70 метри кубни.
Одронот ги има зафатено двете сообраќајни ленти. Сообраќајот се одвива отежнато и е регулиран од сообраќајна полиција.
Екипите на „Македонија пат“ работат на расчистување на одронот и на целосна нормализација на сообраќајот.
Во меѓувреме се исчистени одроните од камења и земја на патот Превалец – Берово и на магистралниот пат Штип- Кочани-Делево – Бугарска граница.
– На патниот правец Превалец – Берово се работеше на чистење наноси од камен и земја и тоа од 11 до 24 -от километар кај месноста викана река Осојница до селото Лаки-Виничко. На магистралниот пат Штип-Кочани – Делчево, екипи на Секцијата на Македонија пат од Кочани работеа на чистење на наноси од камења од селото Истибања до Браната Калиманци,односно од 255-от до 268-от километар на овој патен правец, изјави Влатко Јордановски, раководител на Секцијата на „Македонија пат“ од Кочани.
На двата магистрални патни правци сообраќајот наизменично се одвивал на по една коловозна лента.