Дефект на трафостаница остави без струја и вода делови од Скопје

Од:

Екипите на ЕВН Македонија почнаа со приклучување на дистрибутивната мрежа на дел од корисниците во Скопје кои останаа без струја денеска попладне поради испадот на извод од 110-киловолтната трафостаница „Васил Главинов“. Паралелно се работи на отстранување на дефектот, кој во населбите Бутел, Радишани, Шуто Оризари и Визбегово воедно предизвика прекин во водоснабдувањето затоа што не може да функционира машинскиот дел од пумпените станици.

Од ЕВН Македонија за МИА изјавија дека изводот кој бил опожарен зафатил и дел од соседната електроенерегетска опрема. Од безбедносни причини, појаснуваат од ЕВН Македонија, целата трафостаница беше исклучена од напојување со што и корисниците од населбите Топаанско Поле, Бутел, Чаир, Радишани, Васил Главинов – индустриска зона и другите населени места што се напојуваат од таа трафостаница беа без напојување со електрична енергија.

– Откако се изврши комплетен преглед на оштетеноста, откако се виде дека може безбедно да се приклучуваат корисниците дел по дел се приклучуваат на дистрибутивната мрежа, а паралелно ќе се санира и дефектот кој е настанат. Екипите ќе работат цело време се додека корисниците не добијат напојување, изјавија од ЕВН Македонија.

Како што посоочуваат од ЈП „Водовод и канализација“, поради прекинот во снабдувањето со струја не може да функционира машинскиот дел од пумпените станици во тој реон.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција