Вработените во „Еурокомпозит“ го блокираа патот Прилеп-Градско

Од:

Вработените во прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ денеска од 12 до 14 часот го блокираа патот Прилеп-Градско на излезот на градот, пред Плетвар. Инсистираат да им бидат исполнети барањата за исплата на две плати за да почнат да работат и да чекаат шест месеци, како што е договорено со Владата, да се најде стратешки инвеститор и конечно да се реши состојбата со фабриката.

Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација, изјави дека ќе ги радикализираат протестите и оти следната недела ќе протестираат пред Владата. Истовремено бараат средба со премиерот Зоран Заев и оставка од раководството.

– Ги радикализираме протестите. Денеска го блокиравме регионалниот пат на излезот од Прилеп два часа и секојдневно ќе протестираме час повеќе. Ни самите немаме веќе избор зашто ништо не се решава. Нашите барања се познати: исплата на плати за да почнеме да работиме, плати да се исплаќаат и наредните шест месеци во кои се согласуваме со владиниот услов да чекаме за да се најде стратешки инвеститор и конечно да се реши состојбата. Во фабриката нема вода ниту услови за работа, раководството не го гледаме и затоа бараме оставка од менаџментот. Бараме средба со премиерот Зоран Заев. Нашите протести ќе ги радикализираме и во вторник ќе протестираме пред Владата, изјави Богданоски.

Генералниот директор Александар Кузески во телефонски разговор рече дека денеска во Владата се разгледува планот за работа во „Еурокомпозит“.

Би можело да ве интересира

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“

Ана Ололовска

Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години

Ана Ололовска

Работниците од „Еурокомпозит“ бараат да им се платат заостанатите придонеси и најавуваат протести

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“, Златко Гроароски, за злоупотреба на службената положба

Ана Ололовска

Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Ана Ололовска

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат Владата да каже дали има мерки за нив

Ана Ололовска