Во Кичево извидниците даруваа крв

Од:

Извидничкиот одред „Мирко Милески“ како дел од прославата по повод Светскиот ден на извидниците, 22. Февруари, денеска организираше акција за донирање крв во сорaботка со Црвениот Крст на град Кичево.

Преставникот на Извидничкиот одред, Благоја Секулоски рече дека ова е еден од многуте настани во рамки на акцијата „Направи добро дело”.

– Акцијата се состои од низа активности со кои сакаме да прикажеме дел од работата на извидниците и нашата заложба за остварување мисијата – да креираме подобар свет, потенцираше тој.

Во просторииите на Црвен Крст во Кичево денеска покрај извидниците крв даруваа и нивни пријатели како и жители на градот. Во акцијата собрани се 30 единици крв.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух