На малата сцена во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена модерната балетска претстава „Јас Исидора“. Либретото, режијата и кореографијата е на Олга Панго, музиката е на Калиопи Букле, а сценографијата и костимографијата на Благој Мицевски.
Како солисти ќе настапат Саша Евтимова, Игор Веланоски, Билјана Пашариковска, Лиле Миленковска Гленски, Билјана Басмаџиева, Марина Георгиевска, Маја Митровска Богојевска.
Во претставата се опишува животот на американската балерина Исидора Данкан која живее на почетокот на 20 век и нејзината љубов – големиот руски писател Сергеј Есенин.