ВИДЕО: Балотели го бара Путин во Москва

Од:

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели и покрај исклучително ниските температури во Москва, не ја пропушти можноста во паузата пред натпреварот со Локомотив да прошета низ руската престолнина.

Контроверзниот фудбалер, шетајќи се низ Црвениот плоштад, почна да го бара претседателот на Русија викајќи: „Путин, каде си?“, што беше прифатено како шега од неговите соиграчи.

Балотели, кој настапува за Ница, утре ќе игра на реванш дуелот против Локомотив во Лигата на Европа, а францускиот тим ќе почне со негатива од 2:3 од првиот натпревар.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски