Индиски фармери користат постер од порно-ѕвездата Сани Леоне за да ги заштитат своите посеви од уроци и тврдат дека тоа е поефикасен начин од плашила и клетви.
Еден од фармерите раскажува дека бидејќи до нивните нивни се наоѓа автопат, селаните кои поминуваат љубоморно гледаат на посевите.
За да се заштита прво поставиле кукли со глинени лонци кои потсетуваат на човечки глави, но тоа не вродило со плод.
– Тогаш се сетивме на нешто ново. Го испечативме постерот и го поставивме на почетокот на нивата. Сега селаните кои поминуваат го гледаат само постерот и продолжуваат понатаму. Нивите напредуваат добро и нема веќе проблеми.