Обвинителството сослушува лица и го истражува скандалот во Домот „25 Мај“

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство Велес ја известија јавноста дека преземаат дејствија за да ги утврдат фактите со случајот на штитеничката од ЈУ „Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение“ од Скопје.

Јавното обвинителство соопшти дека информациите кои можат да се споделат во моментов се само оние кои нема да ја повредат тајноста на постапката и одредбите Законот за правда за децата, кои се однесуваат на заштита на детето како оштетено или сведок во кривичната постапка.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираа се оформени предмети по писмени известувања поднесени од Министерството за внатрешни работи.

„Доставена е Наредба за проверка на наводите од пријавите и за организацијата и работењето во установата. Повикани се и се врши сослушување на повеќе лица кои можат да придонесат кон утврдување на фактите и за кривичната одговорност. Во врска со последните информации кои се однесуваат на поголем број штитеници од установата, Обвинителството достави писмено барање до Министерството за труд и социјална политика со цел прибирање на потребни податоци“, пишува во соопштението на Обвинителството.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје е отворен и предмет по поднесена кривична пријава од родителите на девојчето, преку адвокат, против лица вработени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, за сторени кривични дела – злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата од Кривичниот законик“, наведува Обвинителството во соопштението.

Основното јавно обвинителство Велес по применото известување, издало наредба за телесен преглед до Институтот за судска медицина. Вчера до Обвинителството од Министерството за внатрешни работи е пристигната кривична пријава против конкретен сторител.

„Постапката интензивно ќе продолжи со расветлување на настанот се до донесување на јавнообвинителска одлука“, додаваат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра