Околу илјада гневни луѓе упаднале во полициска станица во Индија од каде извлекле двајца осомничени за силување и убиство на петгодишно девојче и ги линчувале.
Еден полицаец изјави дека при упадот се повредени 15 полицајци. Тој наведе дека гневните луѓе прво барале од полицијата да им ги предаде осомничените, но откако полицијата го одбила барањето, тие упаднале и ги извлекле од притвор, а потоа ги линчувале.