Османи: Преку искуствата на Швајцарија ќе обезбедиме ефикасна имплементација на законот за употреба на јазиците

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со заменик државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Швајцарија, Кристина Марти Ланг.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, особено континуираната финансиска поддршка од страна на Швајцарија, како една од првите и најдолгорочните земји донатори во развојот и напредокот на Република Македонија.

„Швајцарија претставува една од најважните земји – пријатели на Македонија, чија финансиска поддршка датира уште од 1992 година, додека политичката поддршка, веројатно уште порано“ – истакна Османи на средбата, пренесувајќи ја притоа, покрај личната, и благодарноста од страна на Владата за искрената и континуирана поддршка.

„Покрај поддршката, Швајцарија претставува и значајна политичка и општествена инспирација за Република Македонија, како позитивен пример за функционално мултикултурното општество“ истакна Османи, додавајќи дека искуствата на Швајцарија во организацијата и примената на мултијазичното општество ќе претставуваат значаен инпут за поефикасна имплементација и на новиот закон за употреба на јазиците во Република Македонија.

За време на средбата Вицепремиерот Османи ги пренесе и впечатоците на Владата од новата Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година. „Добивме прецизна валоризација на напредокот во приближувањето кон Европската Унија, што ќе претставува значаен поттик за одржување на фокусот на државата кон европската и евроатланската перспектива“ истакна Османи. Тој додаде дека Стратегијата претставува еден од клучните документи со кои се зацврсти европската ориентација на целиот регион на Западниот Балкан, нешто што се очекува буквално да биде зацементирано на историскиот Самит за проширување, во Софија во Мај.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски