Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов го поништи тендерот за набавка на 45 производи за нега на коса – фигаро, наменети како подароци за жените, вработени во општинската администрација за претстојниот празник 8 Март, во вредност од 42.300 денари.
Во причините заради кое е поништен тендерот објавени на Електронскиот систем за јавни набавки се вели: поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.