Заев со канадската амбасадорка Чаба: Поддршка од Канада за интеграција на Македонија во НАТО, а ќе се унапредува и економската соработка

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претпладнево се сретна со Кетлин Чаба, амбасадорка на Канада за Република Македонија.

Канадската амбасадорка Чаба ги поздрави чекорите на стабилност што ги направија премиерот Заев и новата Влада по политичката криза во земјата, низ ефективниот реформски процес и добрососедските односи. Амбасадорката Чаба пренесе поддршка од Канада за интеграциите на Република Македонија во НАТО.

На средбата е заеднички изразена определба за унапредување на соработката помеѓу двете пријателски држави, посебно во делот на економијата и можностите за инвестирање.

-Правиме се што е потребно за реализација на стратешките цели на Република Македонија, интеграциите во НАТО и ЕУ, низ реформскиот процес, развојот на поволна инвестициска клима, политиките на градење доверба во државата на политичко и меѓуетничко ниво, како и на меѓународно ниво, со соседите и со пријателите на Македонија од меѓународната заедница. Тоа ни дава за право да очекуваме, во оваа 2018 година за Република Македонија да се случат значајни поместувања во евро- атлантските интеграции, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев додаде дека ваквите перспективи за Македонија, ќе значат и економска стабилност за граѓаните и државата. Канадската амбасадорка Чаба соопшти дека има заинтересирани бизнисмени од Канада за инвестирање во Македонија и договорено е, соработката, поактивно да продолжи низ дефинирање на областите од заеднички интерес.

На средбата заеднички е констатирано дека НАТО интеграциите на Република Македонија ќе бидат и значаен придонес кон стабилноста и безбедноста во државата, но и на целиот регион.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски