Измените на Законот за медиуми на дневен ред на владината седница

Од:

Не редовната, 55-та седница на Владата, ќе биде разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија.

На предлог на Министерството за правда, пред владините министри денеска ќе се најде и Предлог законот за бесплатна правна помош.

На оваа своја седница, Владата ќе ја разгледа информацијата за реализација на Националната стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2014-2020 година.

На денешната седница ќе бидат разгледани Финансискиот план на Централниот регистар за 2018 година, како и Годишната инвестициска програма во 2018 година на АД МЕПСО, како и програмата за инвестиции за периодот 2019-2022 година на истата компанија во државна сопственост.

Владата на 55-тата седница ќе ја разгледа и информацијата за спроведените активности за промоција на концептот на општествена одговорност на претпријатијата преку доделување на награда за најдобри општествено одговорни практики во 2017.

Министерството за внатрешни работи на денешната седница ќе ја презентира информацијата за спроведување на мерките за ограничување и забрана на сообраќајот во услови на надминување на прагот на алармирање и зајакнување на контролата на издувните гасови од возилата при нивна регистрација во техничките станици.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски