Илјадници Аргентинки протестираа пред Парламентот со барање за легализирање на абортусот и предупредија на ризиците по жените од кои прават нелегалните абортуси.
– Парламентарците треба итно да го променат законодавството. Годишно се извршуваат по 500.000 незаконски абортуси, и кај повеќе од 60.000 доаѓа до компликации. Предлог законот за абортусите е во Парламентот веќе 12 години. Колку уште жени треба да починат или да страдаат од последици од нелегален абортус, изјави Марта Росенберг, една од организаторките на аргентинското Движење за поддршка на абортусите.