Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов на жените вработени во општинската администрација ќе им подари фигаро за коса за претстојниот празник 8 Март. Како што е објавено на Бирото за јавни набавки, во план е набавка на 45 прозиводи за нега на коса – фигаро, наменети како подароци за Денот на жената 8 Март за потребите на Општина Радовиш.
Проценета вредност без ДДВ е 42.300 денари. Критериум за доделување на договор е најниска цена, а електронската аукција ќе се изврши во еден круг во времетраење од еден час. Електронската аукција ќе се изврши со негативно наддавање кое прецизно ќе се наведе во поканата, а ќе се движи од минимум 1% до максимум 10% од вредноста на најниско понудената цена од почетната ранг листа.