Во општина Ѓорче Петров и оваа година по повод празникот Богојавление (Водици) традиционално крстот ќе се фрла на две локации.
Првата локација ќе биде на реката Лепенец во Волково, кај последна автобуска станица на 22-ка, и ќе започне во 11 часот, а втората од железниот мост во населбата Хром, на улица `Циборовски` во 12 часот.
Црковните одбори од храмот Св. “Петар и Павле” и храмот Св. “Пантелејмон” постигнаа договор заеднички, по четврти пат да го фрлаат крстот во водите на реката Вардар.
За најсреќниот учесник следуваат пригодни подароци.