(ВИДЕО) Вељановски: Скандалозни 660.000 денари доделени за шеф на кабинетот на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири

Од:

Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвини за нетранспарентност и корупција во новата програма на Министерството за култура.

„Уште еден сомнителен случај за злоупотреба на државна функција што фрла сомнеж за корупција при распределбата на средствата и проектите во Годишната програма на Министерството за култура за 2018 година. Имено, во програмата доделени се неверојатни 660.000 денари за проект на Арлинд Хисеини, кој е шеф на кабинет на државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири“, рече Вељановски.

Додаде дека ова е уште еден од низата скандали кои оставаат сомнеж за корупција, конфликт на интереси, како и злоупотреба на службена должност од страна на раководните лица во Министерството за култура и комисиите кои одлучуваа за проектите во Годишната програма за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија