Најмалку 18 лица загинаа во експлозија на плинска боца, за време на венчавка во хотел во западна Индијa.
„Девет тела беа извлечени од рушевините на трокатниот хотел вчера, а уште девет денеска“, изјави неименувано официјално лице од индиската сојузна држава Раџастан и додаде дека пет лица се здобиле со тешки изгореници по експлозијата.
Локалните медиуми пишуваат дека несреќата се случила во екот на прославата, додека во кујната куварот ја менувал блинската боца.
Ескплозиите од овој тип се чести во Индија, каде ретко се почитуваат прописите за безбедност, но не е вообичаено во вакви несреќи да има толку голем број на жртви.