Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска изјави дека доколку нема јаглен во РЕК Битола се загрозува целокупниот енергетски сектор во Македонија и поради тоа мораше да се преземе нешто за да не дојде до тоа. Тој кажа дека компанијата „Пелистер“ е ангажирана за ископ на јаглен, откако Трансмет се откажа заради неисполнување на обврските, се до избирањето на нов ископувач на јавен тендер.
Анѓушев соопшти дека веќе е распишан тендерот со кој во транспарентна постапка ќе се избере изведувач.
– Согласно Законот за јавни набавки се направи скратена постапка за набавка на која учествуваа повеќе компании и ја доби Пелистер по повискоа цена од 44 денари по гига џул, но по многу пониска цена од 144 денари по гига џул што претходно биле плаќани, рече Анѓушев, одговарајќи на прашање на прес-конференцијата во Владата.