Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење

Од:

Средношколци од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје изминатиот викенд учествуваа на натпреварот по општо знаење CEESA Knowledge Bowl кој се одржа во Белград, Србија и го освоија третото место. Тие се изборија за бронзениот медал во конкуренција од 16 тима од различни земји во Централна и Источна Европа.

Станува збор за турнир каде од исклучително значење е брзината, а учесниците одговараат на случајно избрани прашања од различни полиња како природни науки, историја, географија, уметност, лингвистика итн. Покрај од Македонија учествуваа и средношколци од Русија, Хрватска, Полска, Бугарија итн.

CEESA Knowledge Bowl се одржува секоја година во различни градови, а во него земаат учество образовни институции од Централна и Источна Европа.

– Презадоволни сме и од пласманот и од уделот на секој ученик во натпреварот. Го дадовме својот максимум и успеавме да победиме тимови кои важеа за фаворити на Knowledge Bowl . Секоја година испраќаме наша екипа на овој натпревар и почнувајќи од 2015 година учениците се враќаат закитени со медал. Тоа е најголемото задоволство за секоја институција која е фокусирана на раст и развој на секој свој ученик со цел да го постигне својот максимален потенцијал – велат од Меѓународното училиште „Нова“.

Knowledge Bowl во 2016 година се одржа во Скопје, а домаќин беше „Нова“. Тогаш двата македонски тима се пласираа на првото и второто место.

Натпреварот е дел од активностите во рамките на Асоцијацијата на образовни институции од Централна и Источна Европа (CEESA) во која членува и „Нова“.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска