Во текот на изминатата недела (од 5 февруари до 11 февруари) во Република Македонија се регистрирани 2.964 заболени од грип, што е зголемување за 48 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.001 заболен, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.
Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 386 заболени, постои зголемување за 7,7 пати на бројот на заболени во шестата недела од годинава.
Најголем број заболени – 1.650 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а кај децата на возраст од 5-14 години има 327 случај на 100.000 жители.
Оваа недела најголем број заболени лица 326 се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје – Битола, а највисока инциденца 576,5 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Дебар.