Туристичката понуда на Македонија е дел од меѓународниот саем за туризам „HOLIDAY&SPA EXPO“, што се одржува во Софија за да се подобри промоцијата на македонскиот туристички производ на бугарскиот пазар и да се зголеми протокот на бугарски туристи во текот на целата година.
Покрај промоцијата на убавините на Македонија на штандот на саемот, од македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), организираат активности за соработка и размена на искуства со чинителите на бугарскиот туристички пазар. Остварени се работни состаноци со македонскиот приватен сектор на кои се дискутирало за состојбите во туризмот и можностите за заедничка регионална промоција, соопшти АППТ.