Индискиот мултимилијардер Рој во Македонија планира голем бизнис

Од:

Индискиот мултимилијардер Субрати Рој, основач и сопственик на компанијата „Сахара Индија Паривар” денес пристигна во Република Македонија. Тој одржа средба со премиерот Никола Груевски и владиниот економски тим.

„Од негова страна имаше интерес за повеќе сектори и области, а тој ќе посети неколку области во Република Македонија и ќе се запознае директно на лице место со можностите за инвестирање.Тој покажа голем интерес за потенцијални инвестиции во агробизнисот и преработка на одредени производи, хотелиерството и туризмот, недвижности, развој на туристички зони и минерални суровини. Наша цел е да оставиме добар впечаток како земја, впечаток за квалитет на институциите, земја која ги задоволува меѓународните стандарди за водење бизнис“, рече вицепремиерот Зоран Ставревски.

Субрати Рој го изрази задоволството од Македонија и од владини претставници. Кога пред 4 месеци се сретнале во Индија, премиерот Груевски и вицепремиерот Ставрески му оставиле многу добар впечаток, како што рече, на позитивни и чесни луѓе. Тој јасно истакна дека во Македонија планира голем бизнис.

„Толку убаво се чувствувам тука и толку сум импресиониран од земјава и луѓево, што овде не планирам нешто мало, туку огромно. Планирам да започнам и направам бизнис кој би овозможил големо производство кое и ќе се извезува. Сакам мојот бизнис овде да привлече и многу туристи, а ќе помогнам и со вработувањето. Мојата групација Сахара е нешто големо, таму работат луѓе колку бројот на жители на половина Македонија“, рече Субрати Рој.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада