Културно- информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица синоќа во Домот на културата пред многубројна публика организираше бесплатен концерт на класична музика од современи автори, во изведба на симфонискот оркестар при ООМУ „Ристо Јуруков“-Кочани.
Директорот на КИЦ „Романса“ Горан Огнановски истакна дека концертот е вистинско изненадување за публиката во ова мало рударско гратче зашто немала таква можност.
Најави дека во организација на КИЦ „Романса“ во текот на овој месец ќе има и други културни настани.