Народна банка ќе купува млечни чоколади, букети и венец

Од:

Народната банка на Република Македонија преку електронска акуција ќе набавува млечни чоколади. Според објавениот оглас, млечните чоколади треба да бидат со логото на банката, слики од банкноти од 500, 1000, 200, 100, 50 и 10 денари. Според техничката спецификација секоја чоколадата треба да биде 5 грама, а треба да се изработат 68.000 парчиња. Проценета вредност на чоколадите без ДДВ е 127.118 денари или околу 2.000 евра.

Истовремено, распишана е јавна набавка за 440 цвеќиња. Народна банка бара да купи икебани од 60, 50, 40 сантиметри, како и букети и венци. Според огласот, банката бара три парчиња рози од 80 сантиметри во розева боја, едно парче антурим во црвена боја, едно парче крин во розева боја, две парчиња гипсофила, како и шест розови гербери. Саксиското цвеќе треба да биде високо 15 сантиметри, спакувано во украсна хартија со црвен боја и машна ПВЦ со златна боја во должина до 1 метар. Проценета вредност на цвеќињата е 257.627 денари, без ДДВ или нешто повеќе од 4.000 денари.

Најповолната понуда ќе се избира преку електронска аукција, на крајот од месец февруари.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра

Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%

А1он

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

А1он