Британски пензионер полагал за возачка дозвола во неговата 79. година за да може да ја посетува неговата сопруга во болница.
Кит Лимберт од Гарфорт часовите за возачка ги посетувал уште како млад, но никогаш не полагал за дозвола.
Неговата сопруга Ен за време на нивниот брак била возач, па тој немал ни потреба за тоа.
Сепак, се се променило кога таа во октомври 2015 година доживеала мозочен удар, а во моментов боледува и од рак на дојката. Сега тешко се движи и не може да ги извршува своите обврски кои претходно ѝ биле секојдневие.
Кит решил да полага за да може да ја води сопругата редовно на прегледи.
– Сопругата ме возеше насекаде во последните 40 години, секогаш бев слободен да пијам бидејќи знаев дека она ќе ме врати дома. Сега е време јас да се грижам за неа, ѝ го должам тоа, изјави премиерот.