Во Португалија зголемен данокот и покрај протестите

Од:

Владата на Португалија најави нови даночни правила, со кои од крајот на месецов се намалуваат платите и пензиите.

Португалската Влада годинава планира да го зголеми данокот на доход за 30 отсто, со цел да го намали буџетскиот дефицит. Новите даночни стапки се објавени синоќа во португалскиот Службен весник.

Покрај зголемување на данокот, ќе биде воведен и дополнителен данок од 3,5 проценти на приходите на сите граѓани. На пример, брачна двојка со две деца со месечна плата од 5.000 евра, месечно ќе губи речиси 300 евра месечно.

Зголемувањето на данокот предизвика протести и штрајкови ширум земјата, во која стапката на невработеност се искачи на рекордни 16,3 проценти.

Економистите предвидуваат дека португалската економија во 2013, трета година по ред ќе биде во рецесија.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија