Асанж добил писмо со бел прав, исто како и Ванеса Трамп во Њујорк

Од:

Основачот на Викиликс Џулиан Асанж, кој се наоѓа на територијата на Еквадорската Амбасада во Лондон, на Твитер напиша дека минатата недела добил плик како тој што вчера пристигна во домот во Њујорк на Ванеса Трамп, сопругата на најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сопругата на Доналд Трамп помладиот беше хоспитализирана откако отворила писмо со бел прав.

– Чудно е што и јас добив такво писмо минатиот вторник, напиша Асанж на Твитер, додавајќи дека на пликот имало американски поштенски марки.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија