Лондонскиот градски аеродром е затворен откако бомба од Втората светска војна била пронајдена во близина на реката Темза. Аеродромот ќе биде затворен цел ден и сите летови се откажани, а тоа ќе има влијание врз 16.000 патници, изјави портпаролката на аеродромот.
Бомбата била откриена вчера попладне во рамки на планираните работи на аеродромот во Источен Лондон, соопшти полицијата. Аеродромот бил затворен во недела во 22 часот, а полицијата работи заедно со Кралската морнарица за отстранување на бомбата.
Following the discovery of a World War Two ordnance in King George V Dock as part of planned development works, a 214m exclusion zone has been implemented as a precaution by the Met Police. As a result, London City Airport is currently closed. (1/3)
— London City Airport (@LondonCityAir) February 11, 2018
На патниците им беше наложено да не одат на аеродромот и да ги повикаат авиопревозниците за инструкции.
Роберт Синклер, извршен директор на аеродромот, им се извини на патниците за „непријатноста“, посочувајќи дека „ситуацијата ќе се реши што е можно поскоро“.