Надал се враќа на теренот на 11-ти февруари

Од:

По скоро осум месеци пауза, Рафаел Надал се враќа на теренот на 11-ти февруари, на турнирот од серијата 25- во Сао Паоло, потврдија организаторите.

Изминатите месеци шпанскиот тенисер се мачеше со повредите на коленото поради што го пропушти вториот дел од сезоната во 2012-та и овогодинешното Отворено првенство во Австралија.

Надал само еднашка до сега има играно во Бразил пред осум години.

Десетократниот Грен слем шампион последниот меч го одигра во јуни минатата година, кога изгуби од чешкиот тенисер Лукаш Росол на Вимблдон.

Враќањето на теренот најпрво беше најавено за декември кога требаше да учествува во Абу Даби, но отсуствуваше поради стомачен вирус. Малку подоцна го откажа учеството и на турнирите во Доха и Австралијан Опен.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех