Министерот Адеми во работна посета на Малта

Од:

Од денеска до 13-ти февруари 2018 година, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми ќе ја посети Република Малта.

За време на посетата, министерот Адеми ќе оствари средби со претставниците на дијаспората од Р. Македонија во Малта, при што ќе учествува во настанот за отворање на Македонскиот културен информативен центар во Валета.

Покрај средбите со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби и со министерот за надворешни работи на Малта, Кармело Абела, министерот за правда, култура и локална самоуправа, Овен Боничи и со министерот за образование и вработување, Еварист Бартоло.

Фокусот на средбите со малтешките соговорници, ќе биде ставен на можностите за рамковно регулирање на престојот на дијаспората на Малта, нивното реорганизирање, можности за иницирање на договори за социјално осигурување, престој, издавање на лична документација и други прашања согласно малтешкото и европското законодавство.

Воедно, на средбите со своите соговорници министри, ќе стане збор за повеќе прашања од взаемен интерес, и тоа пред се, за унапредување на севкупната билатерална соработка, со акцент на регулирање договорната рамка меѓу двете земји, иницијативи за меѓуресорна соработка, динамизирање на политичките консултации и организирање на обострани посети на највисоко ниво.

Меѓу другото, ќе стане збор и за активностите на Р. Македонија кон членството на НАТО и ЕУ, како и размена на мислења за регионалната соработка и други прашања од меѓународен интерес.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски