ВИДЕО: Институциите се уште под вода, Владата без конкретни решенија

Од:

Зачестените дождови, прокиснувањето на институциите и опасноста од уништување на материјалите и документацијата од Државниот архив не се доволна причина и мотив Владата да изнајде брзо и ефикасно решение за санација на објектите од проектот „Скопје 2014“.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска потврди дека Владата се уште нема изнајдено решение за овој сериозен проблем. Како причина за непреземањето конкретни мерки, актуелниот министер ја посочи сложеноста на проблемот, а се наврати и на грешки кои ги направила претходната владина гарнитура во изградба на овие објекти.

-Интензивно работиме на изнаоѓање решение, ситуацијата е многу комплицирана. Проблемот е во тоа што ниту еден од објектите кои фигурираа во јавноста како можни решенија за обезбедување на материјалите од Државниот архив, не ги поседува идеалните услови. Дури и враќање во старите простории на архивот не е доаѓа во предвид поради претрпените реконструкции со кои се нарушени поволните услови од претходно, рече Алаѓозовски.

Како што вели тој, моментално, Владата е во потрага по установа која би ги задоволила условите за преселување на Државниот архив. Потребните услови, како што вели, се доста сложени,а директорот на архивот и дел од министрите во Владата, теренски, проектно ја разгледуваат постојната инфраструктура.

-Сериозна комисија составена од експерти од самите институции како и некоколку преставници од Владата разговараат за да најдат решение, во овој момент немаме готова солуција, работиме на тоа, вели Алаѓозовски.

Тој истакна дека во моментов согласно Законот за јавни набавки, се вршат тендерски процедури на кои што треба да се изберат најповолните понудувачи за санација на поплавените институции насекаде низ Република Македонија.

-Одевме на тоа да прво да ги решиме објектите од прокиснување, во некоја следна фаза ќе одиме на други понатамошни интервенции, средување на проблемот со греењето или санитарните јазли. Објектите на кои ќе им биде направена санација ќе ги видите во малата инвестициска програма која што набрзо ќе биде истакната, вели Алаѓозовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија