Народната банка на Република Македонија извести дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Риби“ и „Овен“ од серијата „Хороскопски знаци“.
Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм. Цената на кованaтa парa „Риби“ и на кованата пара „Овен“ изнесува 2.800 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.