Дел од Центар, Ѓорче Петров и Карпош утре без струја

Од:

Од 08:30 до 12:30 часот утре без електрична енергија ќе останат  корисниците од улица „Македонија“ бр.1 (хотел „Бристол“) во општина Центар, информира РЦУК – Скопје.

Во периодот од 11 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Браќа Галеви“ и „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров. Од 10:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Волково, делот околу спортското игралиште Бранители, општина Ѓорче Петров.

Без струја од 10 до 15:30 часот утре ќе бидат и корисниците од улица „51“ во Стопански Двор (делот кон црквата) во општина Ѓорче Петров. Од 09 до 15 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улиците „Париска“ и „Прашка“, општина Карпош. Од 08:30 до 15:0 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „Ибе Паликуќа“ во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство