Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан изрази денска уверување дека обединувањето на Европа што почна во 1989 година, може да биде целосно само по пристапувањето на Западен Балкан.
Тој порача дека во фокус на тој процес е владеењето на правото што е темел на Унијата.
На конференција Стратегија за Западен Балкан-Отворање на патот кон членство во ЕУ, Хан нагласи дека ЕУ е проект на мирот, стабилноста и просперитетот што може да биде целосен само ако Западен Балкан стане дел од Унијата.