Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвјата на „Коста Новаковиќ“

Од:

Според проектната документација за проширување на улицата „Коста Новаковиќ“, одобрена од претходниот градоначалник Ивица Коневски, 56 дрвја од двете страни на коловозот се мапирани за сечење. Тендерската постапка за овој проект е спроведена и изведувачот е одбран непосредно пред почетокот на локалните избори.

– Ваквата реализација на проектот е спротивна на заложбите на новото раководство на Општината, кое се стреми да го заштити и дополни постојното зеленило во Аеродром. Токму затоа Општината донесе одлука да почнеме само со реконструкција на коловозните ленти, без да се сечат околните дрвја. Во меѓувреме се бара измена на проектот во изведба за да се заштити што повеќе зеленило. Во овој процес ќе бидат вклучени избраниот изведувач и соодветните јавни претпријатија на Град Скопје, велат од Општина Аеродром.

Улицата „Коста Новаковиќ“ нема соодветна инфраструктура и е небезбедна за сите учесници во сообраќајот. Тука недостасуваат тротоар, осветлување, велосипедска патека, а потребна е и санација на пристапите до паркинзите на зградите, кои редовно се поплавуваат. Сегашното сообраќајно решение е неефикасно, а улицата е тесна, поради што секојдневно се создава сообраќаен метеж. При реконструкцијата ќе се променат водоводните цевки, односно ќе се зголеми на нивниот обем од 100 на фи 150, земајќи го предвид големиот број нови згради во тој регион, соопштија од општина Аеродром и додаваат дека ќе настојуваат да се зачува што поголем дел од зеленилото на „Коста Новаковиќ“, а истовремено да се овозможи поголема безбедност, соодветни инфраструктурни и сообраќајни решенија за овој регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени